ВМРО-ДПМНЕ во среда излегува на протести. Информацијата ја потврди и лидерот Христијан Мицкоски, јавува Сител
Според планот, протестот ќе биде во форма на марш. Ќе стартува пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика. Предвидено е обраќање на протестот да има Мицкоски, но и други партиски кадри.
ВМРО-ДПМНЕ минатата недела најави дека ќе почне со организација на протести против како што велат криминалната власт.