ВМРО – ДПМНЕ: Заев да поднесе оставка за објективна истрага


ВМРО-ДПМНЕ побара од Зоран Заев да си поднесе оставка од функциите претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, што според партијата, ќе овозможи истрагата и постапките околу случајот барање поткуп, да бидат објективни, транспарентни и без политичко влијание.

ilija dimovski

Членот на Извршниот комитет Илија Димовски вечерва на прес-конференција посочи дека на видео клип, кој попладнево се појави на Јутјуб, Заев бара 100.000 евра за себе, преку брат му Вице и 100.000 евра за црква, зад што, според него, како термин можеби се крие партијата.

– Граѓаните денес знаат дека целата држава е заложник на Зоран Заев, целата штета на економијата, инвестициите, бројот на странските туристи е заради него. Целата дестабилизација на државата е само со една цел, да се спаси од овие видливи и јасни прекршувања на законите од негова страна, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, е зачудена од тврдењата на Заев дека видео материјалот е сечен, монтиран и прелепуван.

– Зар е возможно тоа господине Заев? Нели вие тврдевте дека таква работа е невозможна кога станува збор за аудио материјали, па од каде сега тоа можело за видео материјали? Видео материјалот може да го видат сите граѓани и нивниот суд ќе е јасен. Ова е барање мито, подвлече Димовски.

Заев, како што рече, несвесно ја признал автентичноста на видеото.

– После ова видео, Заев повеќе нема кредибилитет да се занимава со политика. Денес, сосема одговорно, заради тоа што има две многу значајни политички функции од кои може да влијае на постапката, да се заканува врз сведоци, обвинители и судии за некое идно време, да прикрива документи и докази, од него бараме да си поднесе оставка од функцијата Претседател на СДСМ и од функцијата Градоначалник на Струмица. Така ќе овозможи истрагата и сите постапки да бидат објективни и транспарентни и без никакво политичко влијание, рече членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ.

На тој начин, додаде Димовски, ќе покаже дека неговите ставови се принципиелни. – Во спротивно се што до сега говореше му паѓа во вода. Тоа што го барал од другите, мора и сам да го направи, подвлече Димовски.

Според него, оставката на Заев ќе влијае на излезот од политичката криза во која ја вовлече државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1