ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна


Зоран Заев и Стево Пендаровски се срамат од македонската химна, јавноста очекува одговор со што биле уценети и заплашени за да не смеат да ја интонираат македонската химна при официјална државна посета во Република Македонија, како што налага уставот на Република Македонија.

Образложението дека селфито на Заев и ручекот со Ципрас се поважни од одвојувањето на време за интонирање на химната е уште едно понижување на македонскиот народ.

Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија и покажува колку тие ги потценуваат националните и државни обележја.

Наместо апсурдни и неиздржани образложенија Заев и Пендаровски треба да се извинат за срамот кој и го нанесуваат на државата и на македонскиот народ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1