Ахмети од Бутел: Јас не работам за да победам на избори, туку да направам добри дела за Албанците


Во рамките на кампањата за Претседателските избори 2019, Демократската Унија за Интеграција синоќа одржа собир со жителите на општина Шуто Оризари и Чучер Сандево.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во неговиот говор пред присутните даде до знаење дека се созданеди условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги престави сите заедници во Република Северна Македонија.

“Се откажавме од неиздржаните партиотизми останувајќи прагматични и рационални така како сакаме да стигнеме до целта. Ја предложивме идејата на консензуалниот претседател и како идеја ја претставивме на двете страни. Треба да бидеме реални, ние не може да спроведеме избори за претседател на државата со гласовите и изборната битка со македонската страна. Но, како ги реализиравме, како што изброја моите соработници, Министерството за Одбрана, Министерството за Внатрешни Работи, Народниот Правобранител, Претседателот на Собранието, така ќе се спроведат овие цели. Тука има разлика помеѓу нас и помалите партии. Разликата е што јас Али Ахмети, не калкулирам дали ќе победам на следните избори или не. Јас работам заедно со моите соработници за да направам добри дела кои ќе бидат во корист на Албанците и после одлучуваат граѓаните за кого ќе го дадат нивниот глас. И, ова нас не држеше непоразени 18 години по ред иако сите напади ги имаа во насока на ДУИ за да не поразат затоа што сме им пречка, бидејќи ние промовираме програма, визија и идеја, а ова им смета на другите. На маса ние знаеме да раководиме и во преговорите знаеме да преговараме и со гордост сме ги заштитиле барањата и унапредувањето на Албанците во овие простори. Нашиот имотен лист е тука, во ова место и истиот треба да чуваме и заштитиме. Сега успеавме да се договориме за консензуален кандидат, заеднички или од Владата, како сакате наречена го, но ние не се криеме, затоа што има и од тие што се појавија како независни и завршуваат тука работа.”, рече освен другото лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот Ахмети рече дека со решавањето на спорот со името со соседна Грција, Македонија ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО што е гаранција за подобар живот на граѓаните.

“Во ова земја се напрвени големо работи. На крај на годината ќе бидеме членка на НАТО. За пет години ќе станеме членка на ЕУ. Но, како што имавме заложба да ја добиеме поканата за членство во НАТО, така имаме обврска и за членството во ЕУ. Имаме дополнителни задачи. Во ова земја треба да владее законот, безкомпромисната борба против криминалот и корупцијата, реформи во судството и ние после пет години ако сме успешни во спроведувањето на реформите, треба да бидеме убедени дека ќе станеме полноправна членка на Европска Унијa” истакна лидерот Али Ахмети.

Пред присутните се обрати и шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, заменик-претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи и пратеникот Артан Груби. Следните активности Демократската Унија за Интеграција ќе ги има денес во Тетово а во четврток во следните општини: Пласница, Долнени и Крушево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1