„ВМРО за Македонија“ ја почна кампањата пред Споменикот на бранителите


Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска ја почна кампањата со положување цвеќе пред Споменикот на бранителите во паркот „Жена-борец“ во Скопје.

Според Љубе Бошкоски, намерата не им била од тој споменик да ја почнат нивната маркетиншка кампања туку, како што рече, да потсетат за да не се случи заборав.vmro-za-makedonija-632-89076

– За да не се случи мемороцид, затоа што во нашава држава меморијата ја нема кога треба да се напишат нови страници од нашата македонска историја, рече Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија, кој е носител на листа во ИЕ 5.

Стојанче Ангелов, лидер на партијата Достоинство, која е дел од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, рече дека меѓу приоритетите за кои ќе се залагаат ќе бидат правата на македонските бранители и воените инвалиди со нерешени прашања.

– И за сите други бранители кои иако останаа живи и неповредени, трпат трауми, се чувствуваат непочестени од сопствената држава, рече Ангелов, кој ќе ја предводи листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Третата изборна единица.

Лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски ги повика сите граѓани на Македонија иако, како што рече, нивната ориентација е претежно десна.

– Сметаме дека сме доволно отворени, доволно гласни за да можеме да привлечеме гласови и од десницата, и од центарот, и од левицата, затоа што сметаме дека сме алтернатива во денешниот политички простор во Македонија, рече Георгиевски, кој е носител на листата во Изборната единица 4 на Коалицијата „ВМРО за Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1