Тетовец погоден од залутан куршум во глава додека возел


З.П.(28) од Тетово бил повреден од заталкан куршум додека го управувал неговиот автомобил Ситроен Ц4, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил на булеварот „Илинденска“ во Тетово при што З.П. слушнал удар на покривот од автомобилот и почуствувал болка на главата односно рана од која крварел. По запирањето со возило, тој бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажната лекарска помош бил пуштен на домшно лекување.kursum

Во Ситроенот покрај сега повредениот била и неговата сопруга С.П.(25) и нивното бебе. Увид на местото на настанот по овластување на јавен обвинител извршила екипа од СВР Тетово при што бил утврден отвор на покривот од автомобилот над возачкото седиште додека на подот од возилото зад возачкото седиште бил пронајден проектил со калибар од 7,62, милиметри.

Според досегашните информации од истрагата, најверојатно станува збор за заталкан куршум. Се преземаат мерки да се утврди кој и од каде пукал, како и се друго за ресветлување на случајот, посочи Јосифовски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1