ВНИМАНИЕ: Досега бегаа семејства – сега ќе има наплив на терористи кои бегаат од Сирија


Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека руските воздушни напади во Сирија, кои го нарушиле балансот на силите во густо населените региони ќе доведат до масовен прилив на сириски бегалци во Турција, при што нивниот број може да достигне еден милион лица, пишува „Хуриет дејли њуз“.

– Западниот дел на Сирија е регион со најголем број жители, истакна Куртулмаш, посочувајќи дека таму се наоѓаат градовите Дамаск, Хомс, Хама, Алепо и Латакија.migranti svedska

Експертите предупредуваат дека што повеќе им се приближува руската војска на ИСИС ќе доведе до бегање на нивни членови, терористи кои скриени меѓу бегалците ќе бараат спас од руската навала.

,, Внимание – бегалската криза досега беше со семејства кои бегаа од завојуваните градови, но сега ќе почне да спасуваат жива глава и терористите. Очекувајте ги многу скоро во Европа каде ќе влезат заедно со бегалците,, предупредуваат експертите.

Куртулмуш пак нагласил дека во моментов таму има баланс на силите и се води многустрана граѓанска војна.

– Секоја дополнителна интервенција таму, особено интервенцијата на Русија и нејзините бомбардирања на позиции на умерените претставници на опозицијата, ќе го зајакнат режимот. Во тој случај режимот постепено ќе го зајакне својот притисок и ќе ги интензивира нападите, рече турскиот вицепремиер.

Според него во тој случај промените во балансот во тие густо населени места ќе доведе до прилив на стотици илјади, можеби и над милион бегалци кон Турција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1