Пожар во хотел во Словачка- загина турист, седуммина повредени


Еден човек загина, а седум се повредени при пожар во хотелот „Јуниор” во скијачкиот центар Јасна, на планинскиот венец Ниски Татри во централна Словачка, соопштија локалните медиуми.pozar

Како што јави дописникот на МИА, според информациите, на местото се наоѓаат неколку пожарни и евакуирани се над 130 луѓе.

Причините за пожарот се испитуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1