Внимание! Колку се безбедни детските игралишта


Повеќето родители не знаат дека детските игралишта на јавното градско подрачје мораат да исполнуват одредени сигурносни мерки, според светските стандарди и норми.

dete igralisteСпоред нив, родителите во секој момент мораат да имаат надзор над детето кое се наоѓа на направата за играње, или кое ползи во местото одредено за тоа. Сите направи на кои децата си играат мораат да бидат исправни и направени од цврст материјал, со заштита, за да се спречат повреди кај децата.

Местата со направите треба да бидат поделени според возраста на децата и не смее да се случи на исто место да си играат тригодишни и десетгодишни деца. Заштитната подлога на игралиштата мора да биде флексибилна, не штетна за здравјето и околината, а сите бетонски носачи и столбови да бидат обложени.
На видливо место мора да бидат истакнати правилата на однесување на игралиштето, како и на секоја направа за играње, а за децата кои само гледаат мора да биде означена зона на опасност, односно безбедност.
ВНИМАНИЕ!
Ако Ова Ви се чини претерано, Ве потсетуваме дека многу повреди на игралиштата се случуваат кога детето во трчање ќе излета пред вртелешка или нишалка.

Локално.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1