Скопјани ќе се возат и со трамвај


Скопјани ќе се возат и со трамвај. Градскиот татко не се откажува од воведување на новото превозно средство во Скопје.

TramvajГрадоначалникот Коце Трајановски на средба со кметот на Софија Јорданка Фандакова, црпеше искуство за решавање на секојдневниот градски метеж.

-Имавме средба со градоначалничката и нејзиниот тим и разговаравме на теми од областа на сообраќајот и екологијата. Разговаравме за видовите на сообраќај кои што ги има во градот Софија како и стартегија на развој на сообраќај, дискутиравме и за начинот на организирање на паркирањето, како и организирањето на такси службата во Софија. Го посетивме и Центарот за контрола на сообраќај, каде што од едно место се управува автобускиот, трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај. Во секој случај стекнавме многу значајни и вредни искуства за нас и за Градот Скопје, истакна Трајановски.

Скопје, покрај трамвајот ќе добие и нов Центар за управување и контрола на сообраќајот, кој ќе помогне да се скрати времето за патување низ градот за 50 проценти. Преку новиот систем за регулирање на сообраќајот ќе се зголеми проточноста на возила по улиците и ќе се намалат загадувањето и потрошувачката на гориво.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1