Ако се возите без билет во автобусите на ЈСП – казна 75 евра


JСП ги засилува мерките за патниците кои се возат без билети. Патникот кој ќе се реши да се вози во автобусите на ЈСП без да плати карта ќе си плати казна од 75 евра.

jsp222Пред да се изрече казнената мерка, на патникот му се дозволи да плати казна од 300 денари на самото место или во рок од осум дена кога го направил прекршокот, вели директорот на ЈСП Мишо Николов за „Вест“.

– Доколку патникот не го плати бараниот износ и во дополнителниот рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, на товар на патникот, вели Николов за Вест.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1