Жерновски: До Нова година треба да ги враќаме долговите на Тодоровиќ


 Пред Владимир Тодоровиќ да биде градоначалник на Центар, во оваа општина имаше 65 вработени, а кога тој си замина имаше 136 вработени, што е за 50 проценти повеќе партиски војници во изминатите четири години од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

zernovski todorovic

За времено вработените граѓани кои ги вработи ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар планот им бил после изборите тие да бидат вработени на неопределно време. Поради тоа има зголемување на стапката за плати, изјави денеска градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, одговарајќи на новинарски прашања.
– Мора да биде јасно дека јас наследив празна каса, која во февруари годинава беше празна за до крајот на годинава и плус задолжена општина со кредити од пет милиони евра. Така што, оваа година, нема да се гради училиште во Капиштец поради тоа што е празна касата. Тезата дека тие пари се трошат на друго место се апсолутно неточни.

zernovski intervju

Доколку не се платат сметките за парно, сите седум училишта во општина Центар ќе бидат исклучени.
Затоа, ние мора итно да интервенираме – нагласи Жерновски, одговарајќи на обвинувањата од координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Центар.
Жерновски денеска најави старт на нов проект во скопската населба Водно, каде на улицата Питу Гули, по прв пат откако е направена, ќе се смени водоводната мрежа и фекалната и атмосферска канализација, а ќе се поправаат улиците и тротоарите. Целиот проект чини околу девет милиони денари.
centarnews
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1