Овој вирус ги лаже корисниците дека со симнување на апликацијата ќе се добие можност за менување на бојата на Фејсбук, а всушност станува збор за вирус! До сега жртви на овој вирус биле околу 10.000 корисници на Фејсбук ширум светот.
Вирусот напаѓа на два начини.
Прво, ја краде вашата лозинка на тој начин што од корисниците бара да го гледаат туторијатлот за апликацијата. Хакерите така можат да се поврзат со пријателите на тој Фејсбук корисник. Доколку корисникот одбие да го гледа туторијалот, тогаш од него се бара да ја симне апликацијата.
Доколку корисникот е на компјутер, веб страната ве води до порно видео. Доколку е корисникот на Андроид, страната покажува предупредување кое вели дека телефонот има вирус и го советува корисникот да ја симне препорачаната апликација.
Иако појавата на оваа апликација неколку пати била стопирана, истата се враќа константно, и изгледа дека не може да се сопре.