Му експлодирала електронската цигара – загинал на место


Шеесетидвегодишен маж од Ливерпул  починал откако неговата електронска цигара експлодирала и ја запалила цевката на пумпата со кислород, која како што се претпоставува дека Британецот ја користел во тој момент.

E-cigarete2-500x282Мажот бил пронајден мртов во дневната соба во својата куќа во Ливерпул, а причина за смртта како што претпоставува тамошната спасувачка служба, најверојатно е експлозијата од електронската цигара која стоела на полнач, пренесува британски „Телеграф“.

Пожарот предизвикан од експлозијата не ја зафатил целата куќа само мал дел од дневната соба. Како што наведува британски „Телеграф“ ова е девети случај електронска цигара да биде причина за пожар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1