Според Daily Mail, научни студии докажале дека сите преработките од месо може да предизвикаат рак на панкреасот! Ако јадете колбас дневно, шансите за добивање на смртоносната болест е зголемен за неверојатни 20%, пренесува Кукурику.мк
Во Шведска, истражувачите откриле дека само 50 грама на преработките од месо (секојдневно), што може да се идентификува со неколку парчиња сланина, шунка или салама, веројатноста за зголемување на болеста се зголемува за 19 %. Повеќе шокантно звучи како нпр. 100 грама од преработено месо, што е еднакво на една мала плескавица, зголемува веројатност за појава на болеста за 38 %, додека 150 грама за дури 57%.
“Тивок убиец”, како често го нарекуваат ракот на панкреасот, бидејќи во својата рана фаза ретко покажува симптоми, а кога тие се појавуваат, често се неразбирливи и тешко поврзани (како што се болките во грбот, губење на апетит или тежина). А баш раното откривање на ракот е од клучно значење за опстанокот на оваа болест, па поради тешкото откривање, често болеста се дијагностицира премногу доцна, па затоа е многу мал процентот на преживеани.
Според истражувањето, повеќе од 8.000 Британци годишно се разболуваат од оваа неизлечива болест, па по овие откритија власта правилно ја советува јавноста да ја намали потрошувачката на преработките од месо за максимум 500 грама неделно.
Да додадеме на крајот дека студијата покажала, обичното црвено месо ги зголемува шансите за добивање рак само кај мажите, додека кај жените тоа не е случај.
znanstvenik.com/kukuriku.mk