Внимавајте каде ќе возите: Утре изменет сообраќаен режим поради „Бела ноќ“


На 05.10.2019 (сабота) со почеток од 19.00 часот, во организација на ЈУ Универзална сала Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „БЕЛА НОЌ“, на платото пред Универзална сала, на булeварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул.„Костурски херои“, во насока на движење кон центарот во Скопје.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1