Внимавајте што читате – Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19


Поради дезинформации поврзани со новиот коронавирус во светот починаа најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и хигиена.

Голем број од жртвите починале поради тоа што пиеле метанол или средства за чистење на база на алкохол верувајќи дека тоа е лек за Ковид-19.

Научници наведуваат и дека околу 5.800 луѓе биле хоспитализирани како резулатат на лажни информации на социјалните медиуми.

Во студијата се посочува дека многумина од жртвите следеле совети кои потсетувале на веродостојни медицински информации, како дека јадењето на големо количество лук, земање на многу витамини ја спречува инфекцијата. Научниците истакнуваат дека таквите совети довеле до потенцијално сериозни последици по нивното здравје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1