Внимавајте: Струмичанец каснат од пајак „Црна вдовица“ – во тешка состојба пренесен во Скопје


Струмицанец бил каснат од инсект, пајак, за кој подоцна е утврдено дека станува збор за „Црна вдовица“. Каснување од овој вид пајак може да е смртоносно доколку навреме не се реагира. Пациентот е згрижен во болницата во Струмица, но во исклучително тешка состојба е веднаш пренесен во Скопје, на клиниката за Токсикологија каде лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба. .

Др Чибишев на социјалните мрежи сподели информација дека во овој период има се повеќе инсекти и нивното однесување може да е поагресивно од вообичаено, поради што упати апел за внимателност.

Неговиот пост ви го пренесуваме во целост

„ ПОЧИТУВАНИ  СОГРАЃАНИ,

Би сакал да дадам неколку совети и да упатам неколку предупредувања.

Временските услови овие денови  многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни а можеби и поагрсиевни.

Исто така, добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во  својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии.

Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето.

Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.

Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,, црна вдовица ,,  ( Latrodectus),   инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот  пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа  пациентот во нашата институција.

Исто така, сакам да го истакнам високостручниот  пристап според воспоставените протоколи  на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа  ја стабилизираа  состојбата на пациентот.“, напиша Др Чибишев.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1