Внимавајте ако купувате коли од Бугарија – Крадени коли од Шпанија ги препродаваат


Шпанската полиција во соработка со Европол во минатата недела разбила организирана криминална банда што крадела луксузни возила во Шпанија, кои потоа биле пренесувани во Бугарија или во Мароко.  Во акцијата на полицијата зад решетки завршиле 26 члена на оваа криминална мрежа. Од нив 19 се со потекло од Шпанија, петмина Бугари и двајца Мароканци.

kola
Kриминалната мрежа имала три одвоени ќелии – бугарска, шпанска и мароканска. Бугарите биле задолжени за користење на софистицираната електронска опрема, со која ги деактивирале електронските уреди за заштита, односно алармните уреди. Потоа друга ќелија ги пренесувала украдените возила до складиште во Мадрид. Повикуван бил експерт од Валенсија за да направи фалсификувани идентификациони броеви за возилата – велат во Европол.

Откако на возилата ќе им ги фалсификувале бројот на шасија и откако ќе изваделе лажни регистарски ознаки и други потребни документи, повторно во игра влегувала бугарската ќелија. Тие ангажирале шпански возачи за да ги префрлат возилата од Мадрид до некој од градовите во Бугарија. Дел од возилата завршувал и во Мароко, каде што биле препродавани. Инаку шпанските возачи за услугата за транспорт на возилата добивале по 300 евра надомест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1