Народни верувања: Зошто не се прави свадба во престапна година?


Многумина суеверни избегнуваат да прават свадба во престапна година, односно во годината кога февруари има 29 дена. Постои „непишано“ правило дека во престапна година не се прави свадба, ниту се гради куќа, и дека само биле среќни децата што се родени таа година.

deadbride25n-1-webСвештениците и етнолозите велат дека е чудно уште да се верува во ова прастаро суеверие. Во минатото  се верувало дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко.Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година.

Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, “за не дај Боже”. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години.

Иако суеверието било многу силно и се зачувало до денес, свештениците велат дека Црквата никогаш не го оправдувала.

Верувале вие или не, следна престапна е 2016-та година. До тогаш, не размислувајте многу и кажете „Да“.

Bride.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1