30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ и нов идентитет на оној кој ќе открие што се случило со малезискиот авион!


Германската компанија „Wifka“, која се занимава со истражување на измами во осигурување, нуди 30 милиони долари и нов идентитет на лицето кое ќе открие нови информации за падот на малезискиот авион.

Авионот кој од Амстердам леташе кон Куала Лумпур беше урнат на 17 јули додека леташе над источна Украина. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на Боингот 777.malezija--boing

Германската фирма ангажира и анонимен клиент.

Компанијата ги бара следниве информации и докази: Кој го собори МН17, кој ја издал наредбата, кој прикрива докази, кој е директно одговорен, што се случило со војниците кои пукале на авионот, како и имиња на луѓето кои биле задолжени за заташкување на целиот случај.

Инаку, Малезискиот авион МН17 срушен е 17. јули оваа година на истокот на Украина, а летал од Амстердам за Куала Лумпур. Во нессреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на авионот марка „боинг 777“. Меѓу патниците имало 193 Холанѓани и 43 државјани на Малезија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1