Убиство во Кочани – сопруга со шипка го убила мажот


Шеесет и две годишниот Тодор А. од Кочани е убиен синоќа, а за делото полицијата ја сомничи неговата сопруга.

Настанот бил пријавен околу 22:30 часот, откако синот го пронашол таткото облеан во крв во дворот од семејната куќа.policiska-lenta

Полицијата за убиството ја сомничи неговата сопруга 60 годишната М.А. која со шипка му нанела удари на мажот во пределот на главата и телото. Причината за убиството се најверојатно брачните несогласувања кои ги имале сопружниците.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, а полицијата ја привела сопругата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1