Се степале на Хирургија во Тетово – еден задржан на лекување


Дваесетгодишен тетовец е задржан на лекување во тетовската болница поради тешките повреди кои ги добил во тепачка во која учествувале шест лица.tetovo bolnica

Останатите петмина, коибиле полесно повредени, се приведени од полицијата откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница во Тетово.

Тетовската полиција соопшти дека тепачката се случила синоќа околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна. Тие си размениле повеќе удари со тупаници по главите и телата од кои се здобиле со повреди.

Шестмината тетовци тепачката ја почнале претходно, на улица во градот, поради, како што соопшти полицијата, недоразбирања околу напасување на добитокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1