Внимавајте – чистење шминка со влажни марамчиња не е најдобра идеја


Верувале или не, кога користите влажни марамчиња за вадење на шминка, сепак тие оставаат траги на вашето лице. Иако влажните марамчиња ги содржат сите клучни состојки како гелови за отстранување на шминка, со нивната употреба се прескокнува еден многу важен елемент: миење на лицето со вода, па на вашето лице и по употребата на влажните марамчиња остануваат траги, кои не би требало да бидат таму и тивко ви ги затвараат порите.

0006007.48Тоа може да доведе до сувост и иритација на кожата, особено кај оние кои имаат сува и чуствителна кожа. Исто така, некои влажни марамчиња содржат алкохол кои и тоа како ѝ штети на кожата. Покрај тоа, дури и грубите движења кои се потребни за да се извади шминката со марамчињата можат многу да ја изиритираат кожата.

Употребата на влажните марамчиња може да се толерира во посеби случаеви: ако сте на патување, кампирање или во теретана.

За повеќето од нас, особено за оние кои имаат масна кожа и склона на акни, повремена употреба на влажните марамчиња е подобра отколку воопшто не вадењето на шминката, под услов правилно да се измие лицето при првата можност.

Исто така треба да ги избегнуваат оние кои страдаат од егзема или розацеа. Ако се уште планирате да  користите влажни марамчиња, осигурајте се дека:

– По користењето на влажните марамчиња лицето измијте го со чиста вода

– Избегнувајте употреба н влажните марамчиња во областа на очите и устата

– Ако имате сува или комбинирана  кожа, по употребата на влажните марамчиња задолжително нанесете хидратантна крема

– Избегнувајте ги влажните марамчиња кои содржат парфем, кој може да предизвика дополнителна иритација на кожата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1