Германските експерти предупредуваат дека пропилен-гликол, состојка која се додава во електронските цигари со цел да создаде никотинска пареа, може да предизвика трајно оштетување на респираторниот систем.
Дури 90 отсто од содржината на електронските цигари ја сочинува отровната состојка пропилен-гликол, која може да предизвика трајно оштетување на респираторниот систем, тврдат германските експерти.
Директорката на Федералниот центар за здравствено образование во Келн, др Елизабет Пот објаснува дека оваа состојка, која во електронските цигари се додава за да се постигне ефект на вистинска цигара, може да предизвика акутна иритација на респираторниот систем. Затоа и не е чудно што нивната употреба е забранета во Австралија и Канада.
Производителите во заводливите реклами тврдат дека електронските цигари се здрави и дека го уништуваат негативното дејство на никотинот.
Како што пишува во упатството за употреба, електронските цигари работат со помош на батерии кои ја загреваат течноста која е збогатена со никотин, па на тој начин се вдишува никотинска пареа. Димот кој излегува е пареа, која се губи ви воздухот и не е штетна за околината, ниту за самиот пушач.
Сепак за да се создаде пареа збогатена со никотин, се додава пропилен-гликол, отровна состојка која всушност е 90 отсто од содржината на електронските цигари.Уште во 2009 година, американската ФДА го анализирала полнењето на електронската цигара и пронашла траги на карероген нитрозамин и други потенцијално опасни состојки.
Електронските цигари се забранети во Канада, Австралија и некои американски држави. Неодамна е забранета и нивната употреба во канцеларии и во превозните средства во германскиот Хановер. Иако електронските цигари се рекламираат дека може да се “запалат“ и во дел каде е забрането пушењето, очигледно дека на многумина оваа идеја воопшто не им е прифатлива.
Кукурику.мк