YouTube ги брише лажните прегледи


youtubeНајголемите музички издавачки компании изгубија повеќе од две милијарди прегледи на YouTube откако се откри дека бројките на поединечни видео снимки се лажни.

Најмногу прегледи се одземени од Universal, компанија која ги издава албуните на Ријана, Ники Минаж и Џастин Бибер, а станува забор за милијарда изгубени прегледи.

На второт место е компанијата Sony која губи 850 милиони прегледи во еден ден, а во таа издавачка куќа се Алиша Кис, Рита Ора  и Labrinth.

Еден од погодените е и каналот на Леона Луис која изгуби повеќе од 24 милиони прегледи.Universal го потврди намалувањето на прегледите, но за Daily Dot тие рекоа дека нивниот канал е пасивен, бидејќи фокусот е префрлен на каналот Vevo.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1