Сефот на Тито не даваат да се отвори – што ли крие?


Кабинетот на претседателот Николиќ не дава дозвола да се отвори сефот на Тито во Народната банка на Србија

tito-1332932657-139892Титовите наследници од кабинетот на претседателот на Србија побараа преку Првиот основен суд во Белград, пред кој се води оставинската постапка, да им се овозможи увид во депоата на Народна банка на Србија, каде што се оставени вреќи со Титовото наследство, работите не се помрднати од мртва точка.

Според зборовите на Виолета Кочиќ-Митачек, застапничката на Мишо, синот на Тито, и внуката Златица, од кабинетот на претседателот и понатаму нема никаков одговор:

„Проверував во судот, и претседателот се’ уште не одговорил. Јасно ни е дека во неговиот кабинет пристигнуваат многу дописи и дека претседателот има многу државнички обврски, а оваа, секако, не му е приоритет. Но, оставинската расправа без увид во трезорот на НБС не може да продолжи“.

4. AD20120818491809-1-Josip_Broz_TitoЗатоа адвокатите ќе почекаат уште малку, а потоа повторно преку судот до кабинетот на првиот човек на Србија ќе испратат уште еден допис, односно ургенција. Судот му наложи на Претседателството да овозможи увид во списокот на чувани работи, во присуство на претставник на кабинетот, наследниците и претставник на НБС.

Ако од списокот се утврди дека во останатите вреќи се лични предмети на Тито, и овие вреќи ќе бидат отпечатени, а нивната содржина ќе влезе во оставинската маса.

Адвокатите инаку веруваат дека во тие десет аманети во НБС се наоѓа барем нешто од Титовите пари и скапоцености што недостасуваат. Постои сомневање дека тука се чуваат шест негови последни претседателски плати, авторски хонорари од книги и малку злато и накит.

Новости

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1