ВНИМАВАЈТЕ: Фалц пари во Македонија


Полициската станица Свети Николе поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.В. од Свети Николе, за сторено кривично дело „фалсификување пари“. evra

На 19 септември оваа година, во 19 часот и 30 минути во колонијална продавница во село Пеширово, светиниколско, тој од вработената побарал да му размени 200 евра, за што истата му дала 12.200 денари.

Наредниот ден, откако се посомневала во валидноста на банкнотата, истата ја доставиле во банка каде утврдиле дека е фалсификувана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1