ВНИМАВАЈТЕ: Грците крадат на паркинзи, на спиење, на плажа


Кражби, обиени автомобили, искршени стакла спаѓаат во аранжманите кои ги уплаќаат српските турсти за летување во Грција.

Нема одредени мети, ниту критични точки, но непријатности има, се жалат тие, а сведочат и фотографиите што ги објавуваат. Туристичките агенции предупредуваат на Фејсбук да внимаваат оние кои планираат да заминат на шопинг во Солун, зашто се забележани случаи на обивање и пљачкање автомобили.kola ograbena kradec iskrseno staklo1

„На наши гости им беше обиен автомобилот на паркнгот на „Икеа“. Иако се задржале во маркетот само еден час, кога се вратиле до автомобилот за да си заминат, затекнале обиено и испретурено возило. Крадците успеале да го отворат и багажникот и оттаму да земат лаптоп-компјутер“, шишува на сајт на една агенција.

Освен тоа, се наведува дека во последниве десетина дена ова е втор случај на обивање автомобил на српски турсти во Солун.kola ograbena kradec iskrseno staklo

„Првата кражба се случила во самиот центар на градот, во близина на Универзитетот, и мислевме дека е осамен случај. Но, за жал, изгледа дека не е. Двете кражби се случија среде бел ден“.

Иста непријатност доживуваат и туристи кои летуваат на Крит и на Тасос, во Ситонија. Среде бел ден, на јавен паркинг обиени автомобили, украдени полни куфери, ранци ајпади, камери и други уреди, сѐ што има некаква вредност и било затекнато во автомобилите на туристите.kola ograbena kradec iskrseno staklo2

Дека ситуацијата во Грција станува сериозна, сведочат и други искуства, од кражби од собите до кражби на плажа.

-Во Полихроно нѐ опљачкаа додека спиевме. Многу пари и вредни технички уреди ни се украдени. Беше провалено во сите апартмани во комплексот, но и во уште десетина куќи во истото место и во педесетина куќи во Ханиоти.

Kurir.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1