Хакери од Карибските острови утринава се обиделе да повлечат пари од сметки на неколку штипјани.
За среќа на повеќето од нив им дошле смс пораки дека е направен неуспешен обид за повлекување на средства, затоа што немале толку пари на трансакциската сметка, објави Сител.
Експертите по оваа проблематика велат дека постојат повеќе начини за кражба преку трансакциски сметки, а кај нас најзастапено е преку поставување на читачи на банкоматите.