Во редакцијата на Mknews се јави загрижена скопјанка која веќе долги години живее во Канада. Сака да ги предупреди сите кои имаат родители и семејство, главно повозрасни лица кои живеат сами во Скопје.
Нејзините родители живеат во Железара, а нејзината свекрва во Ново Лисиче. Во период од неполни две години кај обајцата дошол непознат човек кој се преставил дека е пријател на нивната ќерка и снаа и барал пари.
,, Тој имал информации за нашите имиња и каде сме точно. На моите им рекол дека сме пријатели и дека ете он е од Куманово но сега во Скопје се нашол во незгодна ситуација му требаат пари за во болница и единствени кои ги познавал сме ние па барал помош. моите немале да му дадат 200 евра колку што барал и си заминал,,
Пред некој ден некој зазвонел и на вратата на нејзината свекрва. Со истата приказна дека е пријател со снаата и синот дека редовно се слушаат, и повторно барал пари за во болница.
,, Свекрвами живее сама, не сакам ни да помислам што можело да се случи доколку не дошла комшиката. Кога таа се појавила на врата човекот веднаш избегал, демек брза, демек ќе не поздрави. Сакам да ги предупредам сите бидејќи некој очигледно собира информации каде живеат сами постари лица и незнам на што се е подготвен ако види дека може да украде пари,, вели нашата читателка.