Внимавајте: Јогурт со поминат рок на полиците во познат скопски супермаркет


Млечни производи со поминат рок се продаваат во еден од најголемите скопски трговски центри, објави Канал 5 телевизија.

До телевизијата пристигнале информации со фотографии на кои се гледа дека потрошувач во обид да си купи доручек, на омилениот јогурт забележал дека тој е со поминат рок веќе два дена. Зачуден бил што не станува збор за еден до два производа туку за речиси половина полица.

yogurt500

За производите со поминат рок информирана е и агенцијата за храна и ветеринарство од каде велат потрошувачите да внимаваат што купуваат за време на празниците кога маркетите поради зголемениот обем на работа со ист број на работници немаат можност да проверат кои производи треба да се повлечат од продажба.

Затоа во вакви денови најдобро е да се проверува декларацијата и датумот предвиден за користење на производот.

Инспекторите се излезени на терен и ако се потврдат исказите на потрошувачите и се затекне производ со изминат рок ќе следува санкција и висока парична глоба за маркетот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1