Внимавајте какви капки за нос користите: Од капки и посинела кожата (Фото)


Американка чија кожа станала сребрена по употребата на капки за нос, ги предупредува луѓето за опасностите кои се кријат во лекарствата. Розмари Џејкобс, веќе 60 години живее со нејзината состојба на кожата наречена аргурија.

2srebrnaПоранешната наставничка прв пат се соочила со проблемот на 11 годишна возраст. По четири години од консумирањето на капките за нос кои морала да ги консумира за синусите поради постојана настинка со која се соочувала, кожата почнала да и се менува. При биопсија на нејзината кожа се покажало дека таа има честици од сребро длабоко под нејзината кожа.

Тогаш и ја дијагностицирале аргуријата, која што е состојба предизвикана од изложеност на хемиски елементи кои формираат сребро и  предизвикува сина или светло сива боја на кожата. Оваа состојба за жал се смета за неизлечива.

– Кога имав 11 години, мајка ми ме однесе на лекар и таму кажа дека постојано сум настаната. Тогаш докторот ми препиша капки во чии состав имаше сребро, Јас ги земав постојано кога имав потреба.

По некое време, една медицинска сестра случајно ме загледа и ме упати кај дерматолог, кој ми ја откри состојбата, изјави Розмари.

silver_skinЗа жал, оваа болест и го разрушил социјалниот живот. Секогаш кога луѓето ја гледаат, бегаат од неа или пак ја напаѓаат со безброј негативни коментари. Таа никогаш немала подолга врска и никогаш не се омажила. Живее сосема сама.

 – Луѓето ме покажуваат со прст и зјапаат во мене, ме нарекуваат со различни погрдни имиња. Некои дури викаат дека сум како мртовец кој се движи. Често ме прашуваат од каде доаѓам и на кој јазик зборувам. Навистина е многу тешко, дури и до ден денеска сè уште поминувам низ тоа.

Розмари дури била и дискриминирана од работодавците кои одбивале да ја вработат поради нејзиниот надворешен изглед. Таа се обидувала да направи неколку хируршки зафати,  на 36 години направила и дермоабразија за лицето – но за жал се било неуспешно.

На крајот кога се помирила дека не може ништо да направи, почнала да ги предупредува луѓето да внимаваат со сите лекарства, па дури ако им се препишани и од најугледни и најдобрите доктори.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1