ВНИМАВАЈТЕ: Казна за брзо возење во Европа може да ве чини колку цел одмор


Доколку со автомобил мора да поминете низ Србија, внимавајте на ограничувањата на брзината. Возење 20 километри повеќе од дозволената брзина ќе ве чини 25 евра, кои мора веднаш да ги платите. Малку повеќе, или 45 евра чини пречекорувањето на брзината до 40 километри, додека од 60 до 80 километри повеќе од дозволената брзина чини до 500 евра.

mito policНовиот закон за безбедност во сообраќајот во Србија е немилосрден кон возачите што возат под дејство на алкохол. Во зависност од промилите на алкохол во крвта, возач може да „заглави“ и во затвор.

Доколку, пак, тргнете на југ, на море во Грција, Казните се значително повисоки отколку оние во Србија. За побрзо возење од 20 до 30 километри од дозволеното, казната изнесува 100 евра, 350 евра ќе треба да платите доколку возите побрзо од 30 километри и повеќе над дозволеното.За неправилно претекнување казната е највисока и изнесува 700 евра и одземање на возачката дозвола на 20 дена. Македонските граѓани ќе останат со возачката дозвола, но казната никогаш не се простува.

policija stopЗа надминување на дозволената брзина во населено место од 50 км на час, во Хрватска се плаќа казна од 5.000 до 15.000 куни, или до 1.980 евра. Возачите кај кои ќе се утврди над 1,5 промил алкохол во крвта ќе бидат санкционирани со истата максимална парична казна.

Некористење сигурносни појаси чини 65 евра, поминување на црвено светло до 660 евра, додека за зборување на мобилен телефон додека возите казната е 66 евра.

Некористење сигурносни појаси во Италија и некористење детско седиште се казнуваат со парична казна од 76 до 306 евра. За надминување на брзината казната е од 39 до 3.199 евра, погрешно паркирање се казнува од 39 до 318 евра, возење под влијание на алкохол над 0,5 промили од 500 до 6.000 евра, возење под влијание на други опијати 1.500 до 6000 евра, одземање на дозволата и затворска казна во траење од една година.

Телеграф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1