Комплетен 6 дневен одмор во Грција за само 2990 денари. Попуст за летување на Ибица од дури 73%. Вакви понуди во пресрет на летните одмори кружат по медиумите во земјава. Надлежните апелираат – внимавајте која туристичка агенција ќе ви го организира летувањето. Пред да платите, убаво да се информирате што точни нуди агенцијата, дали поседува лиценца и дали во минатото има измамено туристи. Велат, немојте веднаш да се залетуваат по евтините аранжмани, бидејќи туристички агенции без искуство се појавуваат токму во овој период од годината.
Од туристичко угостителска комора велат дека иницирале промена на законите со кои би се заостриле критериумите за добивање на А лиценца за туристичките агенции. Велат дека последната голгота на македонските туристи во Турција треба само да ги забрза овие реформи кои се работат со министерството за економија.
Во меѓувреме токму Министерството за економија најави одземање на лиценцата на агенцијата “Јупитер” поради непријатноста која ја доживеаа македонските туристи во Истанбул.
Alfa.mk