Внимавајте: Лажни попови одат од врата на врата и бараат донации


Облечени во црни мантии и со долги бради, лажни свештеници тропаат на вратите на граѓаните во поголемите населби и градови во државата, им продаваат икони и разни црковни пари, а за возврат им бараат пари. Ваквата измама им ги полни џебовите на самоповиканите собирачи на донации, кои се претставуваат како црковни работници, пишува Нова Македонија

pop-pred-vrataНа верниците им се бара да дадат онолку пари колку што сакаат или, пак, им велат дека дадените пари се донација за обнова на одредени верски храмови или манастири.

Од скопската епархија најостро го осудуваат лажното претставување на поединци или групи што во името на МПЦ-ОА или на одделни верски храмови нудат и продаваат разни црковни предмети по домовите на православните христијани во поголемите градови во државата. Истакнуваат дека обично лажните свештеници се претставуваат дека работат во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, црквата „Света Петка“ или во Бигорскиот манастир.

– Тие воопшто немаат врска со МПЦ, односно не се испратени од наша страна. Доколку на врата се појават вакви лица, замолуваме да ги легитимирате и да нѐ известите или, пак, едноставно сметајте дека лажно се претставуваат во името на црквата. Пријавете ги на телефонот 02 3230-697 – соопштуваат од скопската епархија.

Оттаму напоменуваат дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденски водосвет, а кои се испратени од свештенството во храмовите од оваа епархија.

Нова Македонија

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1