Внимавајте на 1-ви мај: За палење на оган казна од 200 евра, за фрлање ѓубре 50 евра


Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

skara

Овој апел најмногу важи за местата како што се: Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места.

-Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување и ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање  отпад  50 евра, стои во соопштението од Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1