Внимавајте: Не мијте очи и лице на црковните чешми – место здравје ќе закачите бактерија


На 14 април се направени испитувања и на водата од чешмите зад црквата „Свети Јован Kрстител“ во Kапиштец, кои покажале дека таа не е за пиење, бидејќи се пронајдени зголемен број аеробни и мезофилни бактерии, како и ешерихија коли.

Исто така водата што тече од карпите, која е од некаптиран извор, кај оваа црква е неисправна за пиење, бидејќи е пронајдена ешерихија коли. Луѓето полнат шишенца од таа вода и си ги мијат очите за здравје, што не е во ред алармираат експертитеbaba vanga cesma

Лекарите на Институтот објаснуваат дека често се случува вода од јавна чешма од каптиран извор да се покаже неисправна за пиење. Проблем има кога граѓаните упорно ја консумираат.

– Често меѓу граѓаните се шири верување дека некоја вода е лековита, а таа всушност е загадена. Ние секогаш ја известуваме Дирекцијата за храна и таа поставува табли, но и понатаму ја пијат водата. На многу места и ги отстрануваат таблите – велат од Институтот.

Бактериите што Институтот ги најде во водата од Сасовец на пример може да предизвикаат цревни инфекции, кои знаат да бидат придружени со високи телесни температури, дијареа, гадење и повраќање. Тие може да бидат особено опасни за децата, но и за организмите со низок имунитет. од цела Македонија доаѓаат луѓе што си полнат од водата. Жителите веруваат дека таа помага во лекување камен во бубрезите, а била добра и за дијабетичари.
Жителите раскажуваат дека пред чешмата се прават редици на луѓе што чекаат да наполнат.

Општината Кисела Вода постави табли со предупредување кај каптираните извори на вода, каде што Институтот за јавно здравје констатирал дека водата од нив не е за пиење Се работи за каптираните извори јавна чешма „Горномаалска чешма“ во селото Драчево, „Сретсело“ во Драчево и „Св.Петка“ во Кисела Вода.

И јавната чешма што е кај свиокот кај Факултетот за богословија во Kапиштец е неисправна за пиење, поради ешерихија коли, а јавната чешма пред влезот во Богословија може да се пие.

Неисправна е водата во дел од јавните чешми во селата Ласкарци, Грчец, Глумово, Долна Матка на територијата на Општина Сарај, покажуваат резултатите од циклусот пролетни испитувања на квалитетот на водата од јавните чешми што ги врши Центарот за јавно здравје на Скопје.

Неисправна вода со присуство на бактеријата Ешерихија коли и зголемена електроспроводливост е утврдена на Горномаалска чешма во село Драчево, јавната чешма сред селото Драчево и чешмата кај „Света Петка“ во урбаната заедница Црниче.

Водата за пиење од природните чешми на територијата на населените места во Општина Велес и градот е со непостојан квалитет и затоа не е погодна за пиење, а што е во согласност со  прописите за безбедност на водата.

Сашка Филипова портпарол на Општина Велес, информира дека само водата од градскиот водоснабдителен систем и природната чешма во Башино Село се со квалитетна и здравствено безбедна вода за пиење.

АХВ даде рок и 5.000 евра казна за општините кои нема да ја дезинфицираат водата, бидејќи се работи за каптирани извори што не се дел од системот на ЈП „Водовод и канализација“, кои, пак, земаат примероци и се грижат за исправноста на 161 чешмичка низ градското подрачје.

Неисправна или загадена вода досега беше утврдено во каптираните извори-јавните чешми во:

Општина Сарај
:
Во горно маало во Ласкарци
На сретсело во Бојане
Кај гробиштата во Бојане
Во село Буковиќ
Во џамијата во Арнакија
Каптажен извор во село Семениште
Горна чешма во село Семениште
Во џамијата во долното маало и во училиштето во Чајлане
Над џамијата во село Паничари
Каптажен извор во Копаница
Чешмите во Радуша, Дворце, Шишево, Глумово и Горна Матка.

Општина Кисела Вода:
Во горно маало во Драчево
Во црквата „Света Петка“ во Црниче
Во црквата „Свети Ѓорѓија“
Сретсело Драчево

Општина Карпош:
Во дворот на џамијата во Г. Нерези
На патот кон Долно Нерези
Каптажен извор во Долно Нерези
Општина Гази Баба
На сретсело во Брњарци
Во дворот во училиштето во Брњарци

Општина Гази Баба:
На сретсело во Брњарци
Во дворот во училиштето во Брњарци

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1