ПРОГНОЗА: Какво ќе биде времето за 1-ви Мај?


Првиот од трите продолжени викенди во мај, во петок на први мај ќе го дочекаме со релативно пријатно и сончево време. Рано наутро ќе биде свежо, а очекуваната минимална температура ќе биде околу 8°С. Денот ќе биде умерено топол. Максималната температура низ земјава ќе има вредност од 19°С до 22°С во поголем дел од котлините, додека вардарското подрачје ќе биде потопло, од 23°С до 25°С. Ветерот ќе биде претежно слаб.skara 1 maj dozd

Сабота ќе биде пооблачна во однос на петок. Претпладне ќе има помала облачност во однос на попладнето и вечерта. Сепак облачноста во сабота попладне и вечер нема да има голем потенцијал за врнежи. Услови за повремен и слаб дожд ќе има само локално во северната и западната половина од земјата. Максималната температура ќе биде пониска во однос на петок за околу 1 до 2 степени, пишува метеопро.

Недела ќе биде најтопла од трите дена од продолжениот викенд. Максималната температура ќе достигне вредности од 21°С до 23°С низ котлините, односно од 24°С до 27°С долж повардарскиот крај. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, но без изгледи за дожд.

Еве какво ќе е времето во следните денови според Weather4all

Screenshot_117 Screenshot_118

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1