Внимавајте на лажни посредници за визи за Канада


Се позачестена е појавата на измами на граѓани од лица и агенции кои се претставуваат како посредници и за одреден надомест, што се бара да биде уплатен однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање виза за Квебек, Канада.

Граѓаните многу внимателно да ги земаат предвид сите огласи на Интернет и понуди за посредување при вадење виза за Квебек, Канада.

immigration-canada500За вадење канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување аликации до имиграциските служби на  Квебек, Канада. Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање надомест на посредниците.

Доколку граѓаните сепак се одлучат да вадат  виза преку посредник, појаснува Омбудсманот, треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција, се овластени да делуваат како такви од страна на Министерството за имиграција, различност и инклузија на Квебек.

– Сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова Министерство на која секогаш во горниот лев агол се наоѓа логото, и е назначено  „официјална страна на Владата на Квебек“. На оваа веб страница има и примероци од бесплатни формулари за  аплицирање, согласно областите на кандидатите, а сите информации кандидатите може сами да ги  пополнат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1