Во петокот починал млад пациент, но спасил двајца од дијализа


Нови две трансплантации од кадавер во Македонија. Уште двајца пациенти добија бубрег од починат донор.

Во петокот поради крварење во мозокот на Клиниката за Неврохирургија починал млад 30 годишен пациент. По смртта иако скршени од болка и тага неговите најблиски одлучиле бубрезите да бидат донираат, дознава zdravstvo24 од извори од Клиничкиот центар во Скопје.operacija

По направените испитувања органите најмногу одговарале на еден маж и една жена кои подолго време оделе на дијализа. Тимот за трансплантација бил собран за кратко време и во петокот доцна вечерта почнало пресадувањето на бубрезите.

Хирурзите и останатиот медицински персонал работеле цела ноќ. Втората трансплантација била извршена во саботата наутро, велат за zdravstvo24извори од Клинички.

Операциите поминале без компликации. Организмот на пациентот добро го прифатил бубрегот и веднаш почнал да мокри, а пациентката сеуште не можела да мокри , деновиве повторно била приклучена на апарат за дијализа.
Полека почнува да расте свеста кај македонските граѓани за донирање органи. По повеќе од 20 години стагнација, ова е 4-ти случај на пресадување бубрези од починат донор. Годинава органи од кадавер добија 8 бубрежно болни лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1