ВНИМАВАЈТЕ: Нови дроги во Македонија


Над десет нови синтетички дроги и психоактивни супстанции кои зависниците најчесто ги набавуваа преку интернет од лани се на листата на забранети супстанции во земјава.

Kорисниците на дроги во Македонија сега имаат проблем да ја набават озлогласената „сол за капење“ откако македонската полиција првпат ја заплени оваа дрога. Станува збор за синтетичка верзија на кокаинот, но поевтина и подостапна од оригиналот, која стана особено позната по неколку случаи на канибализам во светот кои беа поврзувани со нејзиното дејство, пишува Дневник.drogi

Весникот објави дека полицијата лани направи сефте и со заплена на супстанцијата 25И-НБОМе позната кај зависниците како „Н-бомба“, односно дрога што предизвикува халуциногени ефекти и се продава како легална замена за ЛСД.

-На листата забранети дроги кои полицијата се уште не ги запленила во земјава, се супстанцијата АХ-7921 опијат сличен на морфиумот и метаксетаминот. Метаксетаминот е синтетизирана од кетаминот, кој е анестетик за коњи, а која беше особено популарна дрога летово на техножурките во Хрватска. Двете синтетички дроги се причина за над педесетина смртоносни предозирања во Европа во изминативе години, објави Дневник.

Од МВР предупредуваат дека сите овие дроги им се достапни на зависниците бидејќи има европски држави каде што нивната продажба преку интернет не е забранета, па постои можност истите да бидат внесени нелегално во земјава заедно со другите синтетички дроги.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1