Хемикалијата methylimidazole или скратено 4-Mel предизвикува рак на белите дробови а ја има во голема количина во пијалоците на Пепси – Иако ветија лани дека ќе ја отстранат, последните истражувања велат се уште ја има и тоа во големи количини. Оправдувањето на Пепси според Huffington Post, е дека процесот на отстранување на оваа хемикалија е во тек и најавиле дека до февруари 2014 ќе ја тргнат хемикалијата од пијалоците во Америка – НО НЕ НАГЛАСИЛЕ КОГА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЗА ПЕПСИ КОЕ СЕ ПРОДАВА ВО СВЕТОТ!
Оправдувањето на Пепси според Huffington Post, е дека процесот на отстранување на оваа хемикалија е во тек и најавиле дека до февруари 2014 ќе ја тргнат хемикалијата од пијалоците во Америка –
НО НЕ НАГЛАСИЛЕ КОГА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЗА ПЕПСИ КОЕ СЕ ПРОДАВА ВО СВЕТОТ!
Потенцираат дека според “European Food Safety“ европските власти за безбедност на храната оваа карамел боја е означена се уште како безбедна за употреба. Значи Пепси во Европа ги содржи овие високи количини на оваа хемикалија за кои истражувањата на глувци покажале дека предизвикува рак посебно на белите дробови?
Кога медиумите дознаа за ова минатата година компаниите Пепси и Кока Кола веднаш излегоа со соопштенија. Двете се обврзаа дека на национално ниво ќе ја променат формулата.
На ова беа и принудени бидејќи во Калифорнија бил усвоен закон според кој мора да се стави предупредување на пијалоците кои содржат забрането ниво на канцерогени адитиви, за купувачите да знаат што ризикуваат кога ги купуваат.
Но иако ветија, според последните истражувања Пепси тоа не го сториле и во пијалакот надвор од Калифорнија се уште има многу високо ниво на хемикалијата 4-methylimidazole која предизвикува РАК.
Пепси неодамна соопшти дека работи на менување на метилмидазолот, кој на пијалокот му ја дава бојата на карамела, како и дека оваа хемикалија и не била толку штетна односно како што пишува USA Today, Американсакта агенција ФДА изјавила дека треба да испиете 1.000 лименки за да ризикувате рак. (www.dailymail.co.uk)
Сепак активистите за здрава храна пак тврдат дека дневно конзумирање на 4-MI – 30mcg ИЛИ САМО 2 ЛИМЕНТИ ДНЕВНО ќе предизвика рак кај еден од 100 000 луѓе, повеќе за ова во видеото
Повеќе информации на следните линкови