Внимавајте преку кого патувате – Сопственичка на туристичка агенција измамила 5 лица


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Скопското јавно обвинителство поднела кривична пријава против А.М.(41) од Скопје, заради основано сомнение дека сторила пет кривични дела „измама“, со кои оштетила пет лица. Таа како сопственик на туристичката агенција „ТСЦ Аир Травел“ ги измамила клиентите дека им резервирала подолг престој во хотел во Бугарија, за што им наплатила пари, а кога пристигнале во хотелот утврдиле дека имаат уплата само за два дена. Со тоа таа ги оштетила за 111.789 денари.

pOLICIJAНа 31 октомври и 6 декември лицата Ј.К., С.С., С.Ѓ., Ј.М. и И.Д. отишле во туристичка агенција за тикетинг сервис и консалтинг „ТСЦ АИР Травел“ во Скопје, со намера да уплатат шест, односно четири дневен туристички аранжман во хотел „Лаки“ во Банско, Република Бугарија, за нив и членовите на нивните семејства. Во агенцијата, пријавената која се претставила како сопственик, им понудила аранжмани во наведениот хотел за сума од 16.000 до 48.546 денари, во зависност од нивните потреби и бројот на лицата.

Откако ги прифатиле понудените услови, таа им издала „пријави/договори за патување“ потпишани од нејзина страна и заверени со печат од агенцијата, а воедно се договориле на нејзин телефонски повик повторно да дојдат и да извршат уплата на предвидените парични средства. По извесен период,  ги повикала и им кажала да извршат уплата на предвидените парични средства за туристичките аранжмани кои ги договориле и откако ги уплатиле им издала фискални сметки со потврда каса прими и „ваучери“ за хотелско сместување во наведениот хотел и тоа за шестдневни аранжмани на лицето Ј.К. за уплата на 22.097 денари, лицето С.С. за уплата во два наврати во износ од 48.546 денари, лицето С.Ѓ. за уплата на 34.685  денари, Ј.М. за уплата на 17.484 денари која уплата ја извршил нејзиниот пријател С.Ѓ. и за четиридневен аранжман на И.Д. за уплата на 14.731 денари и уплата за повратна карта за превоз во износ од 4.675 денари.

На 13 јануари годинава лицата отишле во туристичката агенција со намера да проверат дали е потврдена резервацијата при што пријавената А.М. ги убедувала дека аранжманот е платен преку „П-Груп“ од Пловдив, Република Бугарија, и притоа на оштетениот Ј.К. му издала нов ваучер под ист број и дата за наводно полуксузни услуги, под изговор дека тоа му е подарок од агенцијата. Пред да заминат од агенцијата, оштетените лица од А.М. го побарале факсот од хотелот, за што таа видно се вознемирила и повикала обезбедување од агенцијата со цел да интервенираат и да ги отстранат од објектот. Притоа тие на мирен начин го напуштиле објектот, а А.М. ги убедувала дека се е платено и дека се ќе биде во ред.

На 14 јануари годинава оштетените со сопствен превоз отишле во Бугарија и кога во хотелот ги приложиле ваучерите рецепционерката им кажала дека за тие аранжмани, од ТСЦ АИР Травел од Скопје имало уплатено за два дена престој и доколку сакаат да останат повеќе, ќе мора поединечно за секое лице да доплатат дополнителен износ во зависност од аранжманот, а оти во спротивно нема да им бидат издадени соби. Тогаш, тие увиделе дека се измамени и за да не се враќаат веднаш, одлучиле да ја извршат доплатата,  за што од страна на хотелот им биле издадени фактури, при што Ј.К. доплатил дополнителен износ од 272 евра, С.С. 537 евра,  С.Ѓ. 436, Ј.М.  272 евра и И.Д. 136 евра.

По ова, оштетените дополнително се информирале дека „ТСЦ АИР Травел“ во Скопје од 14 јануари е затворена, при што на вратата од објектот пишувало дека се на „колективен одмор“, а пријавената воопшто не се јавувала на телефонски повици. На 22 јануари година во СВР Скопје оштетените лица се поднесени кривични пријави, против А.М. сопственик на туристичка агенција „ТСЦ АИР Травел“ Скопје, под сомнение за сторени кривични дела „измама“, со што ги оштетила за вкупен износ од 111.789 денари.

По преземени мерки и активности, направен е обид за вршење на проверки во туристичката агенција на ул.„Орце Николов“ но утврдено било дека таа не работи и оти на вратата се уште стои натпис „колективен одмор“. По доставено барање до Централен регистер на РМ, добиена е информација со прилог тековна состојба од 24 јануари година со историјат со промени и историјат на банкарски сметки, во кои е видно дека А.М. е сопственик и управител на правното лице, додека од Министерство за економија е добиено известување дека од увидот во Регистарот на туристички агенции утврдено е дека туристичката агенција ТСЦ АИР Травел Скопје со седиште во Скопје има лиценца „Б“ за вршење на туристичка дејност и е заведена во Регистарот од 15.07.2013 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1