Со години аспиринот се сметал како лек за превенција за срцев удар, но во последно време се повеќе се предупредуваат пациентите да се воздржат самите да си го препишуваат лечењето.
Последната во низа предупредувања, ја издала американската Агенција за лекови и храна (ФДА) која децидно посочи дека аспиринот не треба да се зема како превенција за болести на срцето. „Аспиринот можете да го земете само ако сте претрпеле срцев удар.
Континуираната употреба на аспиринот не се препорачува на лица кои досега немале проблеми со кардиоваскуларните заболувања затоа што овој лек може да предизвика крварење во желудникот и во мозокот, стои во соопштението на FDA, јавуваат американските медиуми.
Лекот дури не се препорачува ниту на оние лица кои се во ризична состојба да заболат од срцева маана, а кои дотогаш не почувствувале никакви симптоми на болести. Накратко како што наведува FDA, ризиците ја надминуваат користа, освен кај лицата кои веќе претрпеле срцев удар. На ова претходеше забрана од FDA која беше издадена минатата недела за компанијата Bayer AG која сакала аспиринот да го декларира како лек за превенција за срцев удар и кај лицата кои немаат тегоби со срцето и крвните жили.
Повеќе прочитајте на – BabinLek.com