Секоја година светската организација која работи под називот Environmental Working Group (EWG) објавува листа на овошје и зеленчук, кои во себе содржат најмногу и најмалку пестициди.
Веќе 50 години на врвот на оваа неблагодарна листа на намирници, кои содржат најмногу пестициди, јаболките се убедливо на прво место, бидејќи обично се прскаат пред и по бербата, за што подолго да останат свежи.
Втора година по ред на листата „најчисти“ намирници е авокадото, во кое пестициди се најдени на вкупно еден отсто од испитуваните примероци.
Компирот содржи најмногу пестициди во однос на својата тежина, кај просечната пиперка „бабура“ најдени се дури 15 видови на пестициди во примероците надвор од сезоната, додека „шери“ доматите, праска „нектарина“, грашак и јаболки содржат околу 13 различни видови на пестициди.
Ова е листата на „најпрскани“ овошја и зеленчук:
Јаболки
Праски
Нектарина
Јагоди
Грозје
Целер
Спанаќ
Пиперка „бабура“
Краставица
Ова е листата на “најчисти“ намирници:
Авокадо
Пченка
Ананас
Зелка
Грашок (замрзнат)
Кромид (црвен)
Шпаргли
Манго
Папаја
Киви
Домат
Грејпфрут
Диња
Карфиол
Сладок компир