Девојка од Бирмингем, Велика Британија, се шокирала откако лекарите и соопштиле дека добила воспаление на црниот дроб поради зелениот чај која го пиела со месеци за да ослабне.
Тинејџерката кога се појавила во болница изјавила дека има вртоглавици, главоболки и болки во желудникот и мачнини. Лекарот мислел дека има инфекција на уринарниот тракт и ја испратил дома со антибиотик. По две испиени дози, симптомите и се влошиле и девојката повторно отишла во болница. Тогаш веќе добила жолтица, а лекарите сфатиле дека станува збор за болест на црниот дроб.
Лекарите се посомневале дека девојката има хепатитис, но 16-годишната тинејџерка одговорно тврдила дека не пие алкохол ниту пак дека се дрогира. Не патувала во странство и никогаш не примила трансфузија.
Кога докторите повторно ја прашале што консумирала, девојката признала дека нарачувала зелен кинески чај преку интернет и на тој начин се обидела да изгуби неколку килограми. Неколку месеци пиела по три шолји зелена чај на ден. Девојката немала поим што всушност пие бидејќи поголемиот дел од состојките од чајот биле напишани на кинески јазик. Лекарите веднаш и наредиле да прекине да го консумира чајот и и дале лекови и инфузија, по што состојбата и се подобрила.
Пронајдена била состојката „Camelia sinensis“ од која се прави чајот, а која го предизвикала хепатитисот. По краток престој во болницата, девојката била пуштена на домашна нега, а по два месеци нејзиниот црн дроб е во нормална состојба.
Зелениот чај и претходно е поврзуван со болести на црниот дроб, па затоа не е препорачливо неконтролирано да се консумира, предупредуваат лекарите. Се разбира дека вината не треба да се бара во самиот чај, туку во пестицидите и состојките кои треба да влијаат врз губењето на тежината кај корисниците.