Самохрана мајка од Тексас ја изгубила својата нова работа откако на својот профил на Фејсбук напишала дека мрази да работи во градника и тоа пред првиот работен ден, јавува „Дејли меил“.
– Денес почнувам со својата нова работа,но апсолутно мразам да работам во градинка – напишала Кејтлин Волс (27) на својот профил на Фејсбук
Таа набргу се соочила со лавина не негативни коментари,а голем број мајки ја нападнале прашувајќи се како може да не ја сака работата во која е опкружена со деца.
Сопственичките на градинката веднаш дознале за нејзината објава на Фејсбук и и порачале дека не ни мора да доаѓа на работа следниот ден.Кејтлин изјавила дека никогаш не ни очекувала дека поради непромислен статус може да добие отказ.