Внимавајте што пишувате на интернет: Девојка добила отказ преку Твитер


Една тинејџерка од Тексас почувствувала на своја кожа што значи да се има лоша среќа. Таа на својот профил на Твитер напишала коментар дека „утре ќе почнам да работам на оваа е..на работа“, мислејќи на работата која ја добила во една пицерија. За жал таа објава ја видел менаџерот на ресторанот во кој требало да почне да работи.571680_streamimg1_f

Оваа девојка која на социјалната мрежа Твитер се претставува како Села, не е баш воодушевена што ќе мора да рбаоти во пицеријата „Џет“. Тоа го видел и менаџерот кој на Твитер и одговорил со зборовите „Не , не од утре не почнуваш на таа е..на работа. Само што те отпуштив! Нека ти е со среќа на твојот безполезен живот без пари“.

Сепак девојката отказот го сфатила на позитивен начин, особено поради тоа што сега станала позната и нејзиниот профил на Твитер е преплавен со коментари од луѓе кои се воодушевени од нејзината приказна“.

Мислењата се поделени, некои сметаат дека девојката е исклучително глупава, додека други ја сметаат за свој идло и кралица, нагласувајќи дека станала главна вест во многубројни земји во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1