Kожна заразна болест наречена Лајшманиоза, Cutaneous leishmaniasis, која се шири во Сирија и Блискиот Исток, му се заканува и на регионот.
Како што тврди докторот Бранислав Тиодоровиќ за српскиот Телеграф, главни преносители на оваа болест опасна по здравјето се кучињата кои многумина од нас ги чуваат како домашни миленичиња. Освен кучињата, ја пренесуваат и мувите и крлежите кои ги има периодов.
Болеста е опасна, се предизвикуваат отоци и рани на телото кои потоа крварат. Доаѓа до крварење на носот, отежнато голтање, отежнато дишење…а болеста се заканува на Србија, Македонија и Црна Гора.
– Ако не дошла, ќе дојде. Тој факт стои. Се шири преку домашни миленичиња, најчесто кучињата. Се работи за болест која е тешка и со која се занимаваат ветеринари, вели докторот.
Главно се пренесува од куче на човек, иако ја пренесуваат и мувите и крлежите.
Болеста до сега се има раширено и во Турција.